„Ни претстојат сериозни реформи, процеси кои ќе бидат можеби долги и сигурно ќе нè чинат многу, но ќе значат подобра, попрогресивна европска држава, подобар животен стандард на сите граѓани“, рече Моника Зајкова новата претседателка на ЛДП.

Во однос на измените на Уставот, рече дека за ЛДП никогаш не било проблем  Бугарите што живеат во земјава да бидат внесени во Уставот, но заедно со нив и припадниците на еврејската заедница.

-Бидејќи како либерали секогаш сме се бореле за човековите права и за правото на самоопределување на секој. За нас не е спорно влезот на Бугарите во Уставот, но ќе предложиме  и влез на еврејската заедница како дел од народ кој учествувал во креирањето на темелите на оваа држава и учествувале во Народноослободителната борба, истакна Зајкова.