Белгиските експерти предупредуваат дека поради појавата на позаразни мутации на коронавирусот, ќе биде потребно да се вакцинираат помеѓу 80 и 90 проценти од населението за да се постигне колективен имунитет.
Европската агенција за лекови додава дека сe уште нема податоци за тоа колку трае имунитетот кај вакцинираните лица.

Сега знаеме дека 70 отсто вакцинирани нема да бидат доволни за ставање под контрола на вирусот, затоа треба да целиме таа бројка да биде повисока. Треба да се постигне стапка на вакцинација од над 80 отсто  – изјави водечкиот белгиски епидемиолог Пјер ван Дам.

Покрај фактот дека се појавуваат нови варијанти на вирусот, поборниците за повисоки стапки на вакцинација, исто така, укажуваат на фактот дека постојните вакцини не се 100 проценти ефикасни и дека имунитетот на оние кои се заразиле со инфекција ќе се „потроши“ за осум до девет месеци.
Особено е нагласено дека стапката на вакцинација за лица над 50 години треба да достигне до 90 проценти.
Европската агенција за лекови вели дека во моментов не е познато колку трае заштитата обезбедена од одобрените вакцини против Ковид-19.
Се додава дека следењето на вакцинираните во клиничките испитувања ќе продолжи во текот на неколку години за да се соберат повеќе информации за времетраењето на заштитата.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.