Манчестер Сити синоќа го совлада Евертон како гостин во преостанатиот натпревар од 16. коло и на тој начин му избега на најблискиот придружник и градски ривал Јунајтед со 10 поени разлика.
Оваа сезона граѓаните газат сè што им е на патот.
Со синоќешната победа тие врзаа дури 17 триумфи во сите натпреварувања, односно 12 во Премиер лигата.
Јунајтед и Лестер сега се на 10 бода, Челси и Вест Хем 14, а Ливерпул дури 16 бода и ќе биде вистинско чудо ако загубат ваква предност до крајот на сезоната.
Тренерот на „граѓаните“ е сè уште цврсто на земја и повикува на претпазливост за натпреварот со Арсенал во недела.
„Не размислуваме за табелата, туку за следниот противник, а тоа е Арсенал. Има уште 42 поени во играта за кои треба да се бориме. Само во средината на февруари. Сега ќе одмориме малку и веднаш ќе се свртиме на следниот натпревар. Не заборавајте дека игравме против тим кој на Јунајтед му даде три гола на Олд Трафорд и пет дома на Тотенхем. Тоа е тим што може да создаде многу шанси, но ние добро се браневме. Не можете да освоите титула без добра одбрана“, заклучи Пеп.
loading…