Со почетокот на летото, фонтаната „Александар Велики“ и другите фонтани на плоштадот Филип Втори, беа пуштени, но не и фонтаните на реката Вардар и таа која се наоѓа среде плоштад. Фонтаната која е доста атрактивна за граѓаните, особено за децата, е надвор од употреба. На тој дел каде што извираше вода, сега минуваат граѓаните, но со зголемена внимателност бидејќи плочките се изместени, известува ТВ21.

Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху овие две фонтани изградени во рамки на проектот Скопје 2014, ги нарече скапи играчки на ВМРО-ДПМНЕ.

-Двете фонтани што ги спомнавте, кои се дел од проектот Скопје 2014, а ако можам да ги наречам, скапи играчки на минатата влада, со кои се соочуваме ние сега. Деловите за фонтаните се многу скапи, нивното одржување е многу скапо.“, вели Салиху.

Не се знае кога овој простор од плоштадот кој некогаш беше фонтана, ќе остане во ваква состојба. Според она што го кажа Салиху, може да се разбере дека наскоро не се предвидува санирање на фонтаните. Тој вели дека поради состојбата со пандемијата, Градот има други приоритети.