Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 31 мај до 06 јуни 2021, тестирани се вкупно 19.672 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 9,1% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 155 нови позитивни случаи од 21 град во државата со намалување од 29,5% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=65; 41,9%), со неделна инциденца – 10,5/100.000. Највисока неделна инциденца од 35,8/100.000 е регистрирана во Демир Хисар.

Процентот на позитивност се движи од 0,1% до 1,4%, просечно 0,7%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=52, 33,5%). Заболени се регистрираат и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=26; 16,8%), 40-49 (n=25; 16,1%), 30-39 (n=20; 12,9%) и 20-29 (n=18; 11,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=4; 2,6%) и 10-19 години (n=10; 6,5%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 465 лица кое биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 30,8% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 13 смртни случаи од 6 града, 45,8% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 9 лица биле над 60 години, 3 лица на возраст од 50-59 години и едно лице од 40-49 години.

На 17.02.2021 во Македонија започна вакцинацијата против COVID-19.

Заклучно со 06.06.2021, аплицирани се:

• 60.526 дози на Pfizer/Biontech (43.441 со прва доза и 17.085 со втора доза),

• 45.168 дози на Sputnik V (22.875 со прва доза и 22.293 со втора доза),

• 32.875 дози на AstraZeneca (32.843 со прва доза и 32 со втора доза) и

• 251.705 дози Sinopharm (147.998 со прва доза и 103.707 со втора доза).

Заклучно со 06.06.2021 вакцинирани се вкупно 247.157 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 143.117 лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 31 мај до 06 јуни 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.