Расте интересот за самопопишување. Само во последното деноноќие се попишани повеќе од 20.000 македонски државјани кои живеат и престојуваат во странство, вели Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика. Најголем одзив има во Швајцарија, Германија и Италија, а помал број во САД, и Австралија. Вкупниот број на тие што се попишале на веб апликацијата до утринава во 9 часот е 121.580.
„Сите обиди за потикнување на бојкот и разни иницијативи „не отварам врата“ и слично тоа се постапки кои треба да се занимава некој друг. Во законот прецизно е наведено што значи попречување и потикнување на бојкот и потикнување да не се учествува во пописот. Но сигурни сме дека кај населението ќе преовлада здравиот разум и чуството за потребност и итност да се спроведе пописот и да се добијат овие неопходни податоци“, истакна Јасмина Ѓоргиева.