Министерството за правда предлага ново кривично дело „Демнење“, за кое ќе може да се изрекува парична казна, но и затвор до три години.

Министерот Бојан Маричиќ, кој денеска се сретнал со една од девојките жртва на групата „Јавна соба“, верува дека новото кривично дело ќе биде дополнителна заштита.

„Во Кривичниот законик се додава член 144 а – во кој се вметнува терминот „демнење“ кој се објаснува на повеќе начини: подолго време неовластено следење, прогонување или друг начин на мешање во личниот живот на друг, злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на телекомуникациски или други средства за комуникација и сето ова да предзивика чуство на несигурност, став, вознемереност, сооопштија од Министерството за правда.