Францускиот репрезентативец е задоволен од финансиските услови од понудениот договор, но од директорот Леонардо бара неколку засилувања.

Француските медиуми тврдат дека Килијан Мбапе ја договори платата за новиот договор, таа е неверојатна и изнесува 60 милиони евра годишно плус дополнителни бонуси со што ќе стане најплатен фудбалер на светот.

Мбапе е голема желба и на Реал Мадрид и Ливерпул, но двата гиганти во време на пандемија на коронавирусот немаат пари не само да го платат обесштетувањето туку немаат пари и за неговата плата.

Актуелниот договор му истекува до 2022 година, но спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, изјави дека има голем напредок во преговорите и тоа во платата, но одличниот напачат има неколку услови за конечно да го потпише новиот договор.

Имено, Мбапе бара од управата на ПСЖ да биде активна на трансфер пазарот и да го опкружи со четворица млади француски фудбалери со кои би можеле долго време да владеат во францускиот фудбал но и во Лигата на шампионите.

Според медиумите, прво име на списокот на желби на Мбапе е Хусем Ауар од Олимпик Лион. Иако претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола сака да го продаде на екипа надвор од Франција, доколку пристигне понуда од 70 милиони евра, тогаш Ауар може да се пресели во ПСЖ. Медиумите тврдат дека Ауар има усен договор со Јувентус, но италијанскиот тим нема пари како за обесштетувањето така и за платата.

Второто име е на штоперот на Монако, Беноа Бадиашиле кој е на листата на желби на Реал Мадрид и на Манчестер јунајтед. Монако го проценува својот 19-годишен фудбалер на 40 милиони евра, а за талентот на Бадиашиле најдобро говори податокот дека тој веќе игра за репрезентацијата со 21 година, а е на поширокиот список на сениорската репрезентација.

Третото име кое го бара Мбапе е Осман Дембеле со кого е голем пријател. Реализацијата на трансферот на Дембеле од Барселона во ПСЖ ќе претставува голем проблем бидејќи Французинот има уше една ипол година од договорот со каталонскиот тим, како и желбата на самиот фудбалер засега да не се враќа во татковината.
Последното име е тоа на дефанзивецот на Лајпциг, Дајот Упамекано, а Леонардо веќе остварил првични контакти со управата на германскиот тим. Упамекано никогаш нема играно во француската лига бидејќи како тинејџер од Валенсиен се пресели во Салцбург, по што се пресели во Лајпциг. Мбапе и Леонардо го гледаат Упамекано како идеално решение во одбраната за наредната деценија.