Полицијата лишила од слобода двајца возачи поради прикривање регистарски ознаки, при акциска контрола спроведена ноќта меѓу 13 и 14 февруари, од 19:00 часот до 03:00 часот на подрачје на Центар и Бит Пазар во Скопје.
МВР денеска соопшти дека при контролата констатирани се седум сообраќајни прекршоци и одземени се две возила по член 378 и член 380 од Кривичниот законик.
– Притоа лишени од слобода се двајца возачи, С.С. и М.А. кои управувале патнички возила „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 378 и 380 од Кривичниот законик, а констатиран е и еден прекршок по член 80 од Закон за оружје, се вели во информацијата.
Текстот За да го измамат Безбеден град ги криеле табличките, полицијата ги приведе е превземен од МАКФАКС.























