Во дебарската општа болница со проширена дејност, заврши ревакцинацијата на лица од општините Дебар и Центар Жупа, кои примија вакцина од Синофарм.
-Во изминатите четири дена ревакцинирани се 552 лица, од кои 500 што првата доза ја примија тука кај нас. Остантите првата доза ја примиле во пунктот за масовна вакцинација во Охрид а неколку во Скопје кои по традиција престојуваат во нивните родни села во нашиот крај, пред се од подрачјето на Мала Река, изјави за МИА, Љуљзим Стрикчани, лекар специјалист, одговорен за вакцинацијата.
Додава дека во болницата во Дебар вакцинирани се над илјада лица, а со ревакцинацијата што заврши денеска вкупната бројка на оние кои добиле две дози е 800.
Ревакцинацијата на останатите над 200, кои примија вакцина од Астра Зенека, ќе почне на 29-ти овој месец.
Според него, уште најмалку илјада лица од двете општини вакцинирани се во Скопје и во Охрид.
Станува збор за здравствени работници, вработени во градинката, во Одделението за внатрешни работи, во други институции, просветни работници, новинари, кои се вакцинирани во Скопје, како и лица кои се пријавиле на алпликацијата и добиле термин за вакциналниот пункт во Охрид.
Во меѓувреме, на ова подрачје последно ригистриран нов случај заразен со Ковид-19 е регистриран на 29-ти минатиот месец. Тој е единствен активен случај и се лекува во домашни услови.