Полициски службеници од СВР Битола вчера од 15 до 20 часот спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што се санкционирани 86 возачи, информира МВР.
Оттаму најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и, како што велат, заедно да придонесеме за посигурни патишта.