Полициски службеници од СВР Скопје вчеравечер во периодот од 18.00 до 2.00 часот при зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот, како и во насока на одржување на поволна безбедносна состојба на подрачје на град Скопје, констатирале 99 сообраќајки прекршоци.

Единаесет  возила се подигнати со специјално возило „Пајак”, одземени се две возила поради предизвикување голема бучава, приведени се две малолетни лица за утврдување на идентитет, незастанување на даден знак Стоп и возење без возачка дозвола. Лишени од слобода се четири лица бидејќи при преглед кај нив биле пронајдени наркотични средства.

Како што информираат од МВР, во координација со инспектори за животна средина извршено е мерење на јачина на бучава на угостителски објекти, при што било констатирано дека два угостителски објекти во централно градско подрачје го нарушиле јавниот ред и мир со пуштање гласна музика и им се сочинети  записници за констатирани прекршоци.

Во текот на изминатата вечер, исто така,  контролирани се и угостителски објекти во координација со Државен пазарен инспекторат при што е извршена контрола на документацијата./Макфакс

Текстот За 8 часа само во Скопје регистрирани 99 сообраќајни прекршоци е превземен од МАКФАКС.