Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1.418 тестирања, а регистрирани се 7 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани се 71 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 18 починати лица, најмладиот имал 41 година и бил од Скопје.