Министерството за здравство информираше, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.196 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани се 2.179 оздравени пациенти. Според информациите од Министерството за здравство во последните 24 часа пријавени се 13 починати лица. Од пријавените, 6 се починати во домашни, а останатите 7 лица во болнички услови. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.636, бројката на оздравени пациенти е 145.606, на починати е 5.197, а бројот на активни случаи изнесува 3.833.