Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 3.285 тестирања, а регистрирани се 419 нови случаи на КОВИД-19. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица. Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 15.11.2021 до 04.12.2021. Регистрирани сe 211 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во моментов изнесува 5.821.