Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 726 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се 1440 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 22 починати лица. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.871, бројката на оздравени пациенти е 85.439, на починати е 2.946, а бројот на активни случаи изнесува 6.486.