Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 1.707 тестови, а регистрирани се 465 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 92 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице. Регистрирани сe 1.880 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 9.699.