Претседателот Стево Пендаровски е во Минхен каде учествува на безбедносната конференција. За само 24 часа тој се сретна со директори на три од петте најголеми тајни служби во светот. На маргините на Munich Security Conference Пендаровски се средна со Ричард Мур, директор на британската безбедносна служба МИ6, потоа Бернар Емие, директорот на француската генерална дирекција за надворешна безбедност ДГСЕ, како и со Бруно Кал, директорот на БНД. Според информациите разговарано е за безбедносните закани и потенцијалните ризици поврзани со актуелните случувања во поширокиот регион. Соработката меѓу безбедносните агенции на земјите-членки на НАТО е од исклучителна важност, потенцираат од кабинетот на Пендаровски.