Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.526 тестирања, а регистрирани се 564 нови случаи на КОВИД-19. За едно деноножие оздравеле 1357 пациенти третирани од коронавирус. Пријавени се вкупно 22 починати лица. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.274, бројката на оздравени пациенти е 128.496, на починати е 4.650, а бројот на активни случаи изнесува 17.128.