Мнистерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се 342 оздравени.

Пријавени се вкупно 13 починати лица. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.408, бројката на оздравени пациенти е 89.742, на починати е 3.076, а бројот на активни случаи изнесува 6.590.