Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа, направени се 2.643 тестирања, а регистрирани се 308 нови случаи на КОВИД-19. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице со датум на смрт 10.12.2021. Регистрирани сe 246 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 5.730.