Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.674 тестирања, а регистрирани се 410 нови случаи на КОВИД-19. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица. Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 27.11.2021. Регистрирани сe 290 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 8.110.