Полната месечина во Јарец ќе го осветли ноќното небо на 13 јули, а астролозите истакнуваат дека двата знака од Зодијакот ќе имаат неверојатна среќа.

Оваа силна лунарна енергија ќе има мотивирачки ефект врз нив – ги поттикнува да се развиваат и да ги искористат сите можности што ги нуди животот.

Еве за кои хороскопски знаци станува збор:

Вага

Ве чека среќа во кариерата, конечно можете да ги видите плодовите од вашите напори. Конечно ќе го добиете она за што долго сонувавте. Тоа може да биде унапредување, зголемување на платата или иницирање на нови проекти. Моќната енергија на Полната Месечина ќе ви отвори некои нови можности – не треба да ги пропуштите. Обрнете внимание на знаците, сигналите кои ви кажуваат во која насока да одите. Успешно ќе ги надминете пречките.

Лав

Друг знак кој ќе напредува во кариерата од 13 јули е огнениот Лав. На работа ќе имате добра соработка со колегите, од некои од нив можете многу да научите. Во тимската работа постигнувате успех и освојувате нови височини. За време на полната месечина во Јарец и една недела подоцна, ќе имате добри можности да планирате патување со саканата личност. Овој пат може позитивно да влијае на вашата врска – ќе се чувствувате како да сте на седмо небо. Можете да правите заеднички планови или да се одлучите за важен чекор во животот.