Претседателот на Србија, Александар Вучиќ свика вонредна прес-конференција на која зборуваше за случувањата утрово во Косово, кога беше убиен еден косовски полицаец.
„Ноќеска околу 2:46 часот група на Срби постави два камиони како барикади, доаѓа тука косовската полиција и доаѓа до престрелка во која е убиен косовски полицаец, и рането едно лице. Според нашите информации тројца Срби од Косово настрадаа, двајца од снајперски оган, двајца тешко ранети, а постои информација дека е убиено уште едно лице. Пукано е на приватни куќи“, вече Вучиќ.
Српскиот претседател кажа зошто дошло до судир.
„Зошто дојде до ова? Србите се побунија, не сакаат да го трпат теророт на Курти. Не сакам никако да го оправдам убиството на косовскиот полицаец, и тоа е за осуда, и тука нема никакво меѓутоа“, изјави претседателот на Србија.