Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа од Брисел, по вечерата на министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел, со лидерите на Западен Балкан, изјави дека месец јуни ќе биде интересен бидејќи се очекува голем самир, кој Французите ќе го организираат на 23 јуни.
Тој смета дека ќе биде многу интересно и за одлуките кои ќе се донесат.
-Ќе биде многу интересно и за одлуките што ќе се донесат. Како да објасните дека немате позитивна одлука за нив (Македонија), а има за некои за кои до вчера не се размислуваше. Ситуацијата не е едноставна и мораме да носиме рационални одлуки“, посочи тој.