Српскиот претседател Александар Вучиќ во четвртокот реагираше на изјавите на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај за бомбардирањето на Белград, нарекувајќи ги бесмислици.
Откако поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај изјави дека Белград ќе биде бомбардиран ако само еден српски војник влезе во Косово, српскиот претседател Александар Вучиќ во четвртокот рече дека тоа е глупост.
-Дали тој или некој друг ќе не бомбардира?, праша Вучиќ.
Српскиот претседател рече дека неговата земја ќе ги зачува мирот и стабилноста и рече дека армијата може да биде само посилна.
Потсетуваме, Рамуш Харадинај синоќа за ТВ Дукаѓини изјави дека Белград ќе биде бомбардиран доколку само еден српски војник влезе на Косово и Метохија.
– Знам дека Американците не дозволуваат ниту еден српски војник да влезе на територијата на Косово. Знам дека Белград ќе биде бомбардиран ако се случи вакво нешто, како во 1999 година. Српското раководство добро го знае тоа. Ако еден српски офицер помине на територијата на Косово, ќе биде бомбардиран Белград, а не која било друга територија, рече Харадинај.