Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре преку видео конференција ќе разговара со премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, за унапредување на односите во рамките на регионалната иницијатива „Мал Шенген“, јави дописникот на МИА од Белград.

Advertisements

Вучиќ на прес-конференцијата на 24 јуни изјави дека очекува на тој состанок да бидат донесени конечни одлуки за заедничко дејствување против природните катастрофи и за побрз проток на добра, луѓе и капитал.

Иницијативата „Мал Шенген“, која во моментов ги вклучува Србија, Албанија и Северна Македонија, беше иницирана во Нови Сад во 2019 година од трите земји како проект за подобрување на економијата и регионалната соработка. Идејата на трите земји од Западен Балкан е да создадат единствен пазар со цел да се забрза нивниот економски развој.

Прикажи повеќе