Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија е подготвена да ги испрати своите хеликоптери за гасење пожари доколку Скопје процени дека тоа е потребно, што и се предвидува во рамки на иницијативата Отворен Балкан, како и тоа дека не го интересира што поединци на Запад мислат за таа иницијатива, ако таа е добра за Србија, Северна Македонија и Албанија, и за благосостојбата на нашите граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.

Advertisements

– Доколку има потреба да му се помогне на Скопје во гасењето на пожарите, ние веќе донесовме одлука и се согласивме нашите хеликоптери за гасење на пожари, бидејќи можат да носат 1.200 литри вода, да помогнат во гасењето на пожарите. Се надевам дека сега ситуацијата е многу подобра, изјави Вучиќ.

Прикажи повеќе