
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во Њујорк изјави дека Србија го поддржува територијалниот интегритет на сите членки на Обединетите нации, вклучително и територијалниот интегритет на Украина. Во својот говор на Генералната дебата на почетокот на Годишното заседание на Генералното собрание на ОН, Вучиќ рече дека Србија во овој поглед „се однесувала одговорно и сериозно“. Тој додаде дека „досега не слушнал рационален одговор на прашањето која е разликата меѓу суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и Србија, кој е грубо нарушен“.