Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ во емисија на „Пинк ТВ“ најави дека доколку е потребно, Србија е спремна повторно да и помогне на Македонија. Оваа изјава доаѓа непосредно по најавувањето на „тешка зима“ како од европската така и од домашната политичка елита.

Оваа помош тој ја најави во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, но важно е да се напомене дека Србија под претседателството на Вучиќ повеќе пати и има помагано на Македонија и пред постоењето на оваа иницијатива.

Тој додаде дека трите земји од оваа иницијатива треба меѓусебно да си помагаат во месеците што доаѓаат.

Секој секому може да помогне. Може во одредени денови да и помогнене на Македонија во струја и во храна. Постојат различни денови, некој повеќе се ослонува на хидрологијата, кога е добра Албанија може да и помогне на Македонија, понекогаш дури и на нас, кажа Вучиќ.