Српскиот претседател Александар Вучиќ во недела во Димитровград ќе се состане со бугарскиот претседател Румен Радев, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што соопштија од Канцеларијата за медиуми на српскиот претседател, Вучиќ и Радев прво ќе имаат тет-а-тет разговори, по што ќе се одржи пленарен состанок на делегациите на двете држави.
По состанокот со претставниците на бугарското национално малцинство во Србија, Вучиќ и Радев ќе го откријат споменикот на Св. Кирил и Методиј, каде ќе имаат и свое обраќање.
Двајцата претседатели ќе ја посетат и реконструираната зграда на Гимназијата Св. Кирил и Методиј во Димитровград, соопшти Канцеларијата за медиуми на српскиот претседател. (МИА)