Најава за свечености, примопредавање и тоа на градничниот премин „Табановце“. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска попладне требаше да достави дел од ветените осум илјади „Фајзер“ вакцини за Македонија. Премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче требаше да го пречекаат на граничниот премин. Сепак, доцна синоќа стигна информација од Владата дека целиот настан се откажува. Причина, усогласување на техничката документација.
Во соопштението испратено од Владата се вели:
Ве известуваме дека заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, настанот кој беше најавен за 11.02.2021 година (четврток), на граничниот премин Табановце се одложува за друг датум следните денови, за што дополнително ќе информираме