Претседателот на Србија, Александар Вучиќ пристигна во Охрид, каде ќе има средба со премиерот на Косово, Албин Курти, Жозеп Борел и Вархјеи за решавање на прашањето помеѓу Белград и Приштина. Беше пречекан од вицепремиерот Бојан Маричиќ кој порача:

Сите имаме иста цел и најдобри намери кога станува збор за просперитетот, мирот и стабилноста на регионот.

Денес е значаен ден за иднината на
европската перспектива и одлична можност Западен Балкан да отвори нова страница во меѓусоседските односи.

Добредојде за претседателот на Србија, Александар Вучиќ во преубавиот и сончев Охрид.

Даваме силна поддршка за преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина, за да се дојде до добро европско решение.

Ги овозможиме услови и атмосфера за средбата помеѓу Курти и Вичиќ. Се надевам дека со добри вести ќе заминат од нашата земја.