Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја продолжи пропагандната акција околу подарувањето на 8 000 вакцини од „Фајзер“, кои македонската влада ќе ги плати.
Вучиќ дури го пофалил премиерот Зоран Заев, кој покажал снаодливост и грижа за својот народ, барајќи вакцини против Ковид 19 од Србија.
„Што би ни значело нас да бидеме сите здрави ако луѓето во соседството имаат безброј проблеми. Ние можеме да бидеме среќни, само ако и соседите се среќни и задоволни“, вели Вучиќ.
Тој решил да помогне затоа што Северна Македонија тешко доаѓа до вакцините.
„Јас мислам дека тоа не е само пријателски и братски потег кон народот во Северна Македонија, ова ја покажува и нашата одговорност и дека добро разбираме дека не живееме во затворен сад, туку дека мораме да им помагаме на соседите, како што сум сигурен дека и тие нас би ни помогнале“, изјавил Вучиќ.