Српскиот претседател, Александар Вучиќ, побарал од српската Влада да овозможи бесплатна вакцинација за граѓаните на Македонија, објави српски Блиц.

Македонците ќе можат да примат некоја од четирите вакцини на „Фајзер“, „Синофарм“, „Астра-Зенека“ и „Спутник В“.

И граѓаните на БиХ од денеска можат да се вакцинираат било каде на територија на Србија, откако Вучиќ вчера изјави дека има доволно за сите ширум Србија.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.