Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека огласот на руската паравоена група „Вагнер“ за регрутирање доброволци за војната против Украина, што го објави Раша Тудеј Србија, „не е фер“ и дека се знае оти тоа е спротивно на прописите и дека законот им забранува на српските државјани да учествуваат на странски боишта. Вучиќ за телевизијата Хепи изјави дека таквата реклама „не е фер кон некој што страда затоа што не ги казнил Чајковски, Достоевски или Толстој“, и затоа што Србија го примила „секој човек од Руската Федерација, а рускиот е како мајчин јазик“.

„Ние сме единствената земја во Европа, сите други се согласија на 35 декларации против Русија. Единствената земја што не го стори тоа е Србија. Тогаш што и правите на Србија, што викате од Вагнер кога е против прописи, секако дека законот го забранува тоа“, рече Вучиќ, наведувајќи дека има „многу неодговорни поединци“, но дека ги повикува сите да си ја чуваат главата. „Зошто да одиме во Русија, Украина или каде било? Да ја спасиме нашата земја и нашиот народ и да поддржуваме кој сакате“, рече Вучиќ.

Прикажи повеќе