Претседателот на Србија Александар Вучиќ синоќа по Седницата на Советот за национална безбедност, со која претседаваше изјави дека надлежните органи ја прошируваат истрагата за уште едно, четврто убиство за кое се товари криминалната организација на неодамна уапсениот Вељко Беливук.
Вучиќ рече дека оваа група имала фотографии и обележани лица на луѓе од Министерството за внатрешни работи, за кои сметале дека им се непријатели. Но, тоа не биле челници на Министерството, ниту на Безбедносно-информативната агенција, туку фотографии од оперативци кои директно се бореле против криминалната група.
– Advertisement –
На прес-конференцијата беа покажани фотографии, кои ги докажуваат злосторства за кои е осомничена криминална група предводена од Вељко Беливук (Веља Невоља) на кои се гледаат телата на убиените, како и снајперски пушки.
Што се однесува до организираниот криминал Вучиќ изјави дека „Србија успеала во последниот период да се пресмета со неколку криминални групи, кои извршиле голем број убиства“. Одговорот на криминалните групи ќе биде, како што рече, безмилосен и во согласност со законот и моралот.