„Што се однесува до промената на имињата на улици и дали некој сака да менува имиња на улици на бугарски херои, бугарски лидери, бугарски револуционери, луѓе кои се од значење на бугарската историја, дури не ни доаѓа на памет“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ одговарајќи на прашање на БГНЕС, дали Србија се срами од имињата на бугарски национални херои и по таа причина ги сменува имињата на булевари и улици. Во конкретниот случај наведуваат од БГНЕС, станува збор за булеварот „Гоце Делчев“ во Белград, чие име пред две години беше сменето од српските власти, со мотивот дека Гоце Делчев бил бугарски национален херој.
„Бугарите ги сметаме за пријатели и ја немаме таа злонамерност за која не обвинувате понекогаш. Дури и не реагираме кога некој не обвинува во тоа. Кога некој ќе каже дека Пирот е бугарски или пак Ниш, дури и јас како претседател не реагирам“, истакна Вучиќ.