Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по денешниот видео разговор со премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, на новинарите во Крагуевац им најави дека на претстојниот регионален Економски форум во Скопје на 28 и 29 јули ќе бидат потпишани три договори.
Воедно како што изјави ќе се смени името на иницијативата „мини Шенген“ и дека ќе се направат посебни „брзи ленти“ на граничните премини за побрз проток на граѓаните од регионот, јави дописникот на МИА од Белград.