Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека отстранувањето на барикадите на северот на Косово треба да започне денеска во утринските часови.

Но, како што јавува РТС сè уште не е започнато отстранувањето на барикадите на Рудар, ниту пак на луѓето на барикадите им е кажано кога ќе бидат отстранети,

Зборувајќи пред јавноста доцна синоќа по средбата со претставници на Србите од северот на Косово во касарната во Рашка, Вучиќ рече дека „отстранувањето на барикадите не е лесно и тие не можат да се отстранат за два часа“.