Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека е можно да учествува во меѓупартиски дијалог, но со оние партии кои не сакаат тој дијалог да се води под покровителство на Европската унија (ЕУ).
„Можно е да учествувам во разговорот со оние кои не сакаат присуство на европски претставници, бидејќи тогаш се подразбира дека во рамките на Србија одлучуваме какви идни и политички односи сакаме“, рече Вучиќ и додаде дека во моментов има значително поголем број партии кои не сакаат никакво присуство на странски фактори.
– Advertisement –
„Но, секако, бидејќи сме на европски пат, партијата, која ја водам веќе некое време, ќе учествува и во овој втор дел, и тие ќе разговараат со претставници на ЕУ и неколку политички партии кои ги бојкотираа изборите “, рече Вучиќ.