Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека негова должност е да го почитува српскиот парламент и дека на утрешната седницата за Косово ќе одговори на сите пратенички прашања. Во видео-обраќање на Инстаграм, Вучиќ рече дека кога Србија станала свесна за француско-германската иницијатива за прашањето за Косово, ги повикал парламентарните партии на консултации за да им ги покаже сите факти и заеднички да се обидат да го решат проблемот.

„Тие рекоа, или барем повеќето од нив: Не не интересира, сакаме Собрание, сакаме да се претставиме, сакаме политичка победа, не нè интересира толку Косово и Метохија“, наведува Вучиќ. Тој изјави дека негова обврска е да го почитува српскиот парламент и дека ќе дојде сам да им одговори на сите „знаејќи дека не доаѓаат за одговори, туку за себепромоција“.

Прикажи повеќе