Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави на почетокот на следната недела ќе поднесе иницијатива само државата да може да ги составува учебниците по српски јазик, историја и географија.
-Српската историја и географија ќе ја пишува само државата Србија, изјави Вучиќ, пренесуваат медиумите.
Тој посочи дека знае „дека поради оваа иницијатива ќе има напади од тајкуни и некои амбасадори, кои ќе тврдат дека ја нарушува слободата на пазарот“.
Им порачал на истите дека може да се жалат во ОН, ЕУ, но дека тоа нема да се промени.
-Никој друг нема да ја толкува нашата историја. На ним и нивните мајки нека им одзема дете, па да кажат дали е добро тоа, порача српскиот претседател.