Српскиот претседател Александар Вучиќ го откажа меѓународниот настан „Еуропрајд“ што требаше да се одржи во Белград од 12 до 18 септември, додека организаторите на настанот ветија дека ќе се одвива според планираното.

Тој на денешната прес-конференцијата во Белград, Вучиќ изјави дека правата на сексуалните малцинства се загрозени во Србија, но рече дека владата била под силен притисок од десничарските групи и претставници на Српската православна црква да го откаже настанот.

„Не е прашање дали тие притисоци се посилни, едноставно во одреден момент не можете да постигнете сè, и тоа е тоа“, кусо изјави Вучиќ.

Тој најави дека е можно настанот да се одложи, односно да се одржи подоцна во друг термин.

Настанот на кој се промовираат основните права на лезбејска, геј, бисексуална, трансродова и интерсексуална гордост на пан-европско ниво секоја година се одржува во различен европски град и во него е вклучена Парада на гордоста.