Поранешниот хрватски репрезентативец Горан Шпрем нема добро мислење за тренерските квалитети на Веселин Вујовиќ.
Поранешниот тренер на Вардар и миленик на Комитите, е еден од кандидатите за наследник на Лино Червар на селекторската функција во хрватската репрезентација, но Шпрем смета дека тоа ќе биде голема грешка.
– Вујовиќ беше најдобар ракометар во светот и секоја чест за тоа. Меѓутоа, немам што да зборувам за неговите тренерски квалитети. Мое мислење е да е тој маргинален лик во хрватскиот ракомет, иако имаше разни улоги кај нас. Не ги заслужи шансите што ги доби и мислам дека неговите тренерски квалитети се еднакви на нула – изјави Шпрем.
Според Шпрем најдобри хрватски тренери се Лино Червар и тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ.