Легендарниот Веселин Вујовиќ ќе биде новиот тренер на Борац од Бања Лука, информира „oslobodnejne.ba“.
За истиот медиум потврди екс стратегот на Вардар 1961 дека ќе го води ракометниот клуб од Босна и Херцеговина.
– Се договоривме во наредните шест месеци да бидам тренер на Борац, иако се размислуваше и за подолга соработка. Доаѓам во екипа која сака подобри резултати, но и да се засили маркетиншкиот дел.
Борац е добар натпреварувачки тим, на прво место со Слога од Добој, тука е и Љубушки. Со неколку засилувања можеме да бидеме конкурентни и во Европа против Горење. Амбициите се освојување на двојната круна во БиХ – рече Вујовиќ кој своевремено ја водеше македонската машка јуниорска репрезентација.
Во тренерската кариера, покрај Вардар 1961, беше на клупата и на Металопластика, Партизан, Сиудад Реал, Ал Сад, Ал Шабаб, РК Загреб, РД Копер и Железничар 1949.