Втор ден на министерски состанок на земјите членки и сојузнички во НАТО. Ова е прв состанок со физичко присуство од почетокот на пандемијата со Ковид 19, а за прв пат Северна Македонија има свој претставник на заедничката маса во НАТО алијансата. Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи на почетокот на вториот ден со очекување за засиленото партнерство меѓу НАТО и ЕУ и улогата на земјите од Западниот Балкан во овој сојуз. Како што велат од неговиот кабинет, денес на Агендата на Османи, покрај сесиите во рамките на Министерскиот совет се и посебни средби со Министрите за надворешни работи на Португалија, сегашниот претседавач со Европската Унија Аугусто Сантос Силва, како и со Министерот за надворешни работи на Финска, Пека Олави Хаависто.
–Имавме продуктивни состаноци вчера. Денес ќе имаме дискусии со нашите партнери, вклучувајќи ја и ЕУ. Сакам да ја истакнам потребата од посилна стратешка соработка помеѓу НАТО и ЕУ, а особено во Западен Балкан, како регион со значајно стратешко значење за обете организации. Слично на НАТО, перспективата за интеграција во ЕУ може да ги зајакне стабилноста и безбедноста на регионот. Не треба да дозволиме каква било амбивалентност да резултира во дивергенција што, исто така, може да се користи од надворешни актери, придржувањето кон ЕУ на Западен Балкан е од особено значење за сите, изјави Бујар Османи пред вториот состанок.