Вселенскиот патријарх Вартоломеј, духовниот поглавар на околу 300 милиони православни христијани во светот, денеска повика на прекин на воените дејствија во Украина.
„Упатуваме уште еден апел веднаш да се оконча војната. Веднаш да се сопре секој насилен акт, се што шири болка и смрт“, се наведува во соопштението на Патријархот.
Тој истовремено изрази поддршка и солидарност до Украинската црква и до напатениот украински народ.
Вселенската патријаршија во 2019 година и даде автокефалност на Украинската православна црква.