Во Босна и Херцеговина, Федерацијата БиХ и Република Српска, во последните 24 часа, дури 73 пациенти починаа од последици на Ковид-19, што е најголема бројка досега во еден ден. Со тоа вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 5.750.
Според Институтот за јавно здравје, само во Федерацијата БиХ починале 57 пациенти.
Со денешниот бројот на смртни случаи во Федерацијата БиХ се искачи на 3.281.
Во Република Српска се пријавени 16 смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи е зголемен на 2.469.