Времето денес ќе биде променливо облачно и свежо со локални врнежи од дожд и ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурата ќе биде под просекот за овој период од годината. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната од 15 до 24 степени.
Во Скопје, утре ќе биде променливо облачно, со попладневен повремен пороен дожд. Минималната температура ќе биде околу 9, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Стабилизирање на времето со пораст на температурата на воздухот следува од среда.